Три лица уапсени во Хонг Конг заради тестирање експлозиви

Фото: EPA-EFE/JEROME FAVRE

Полицијата во Хонг Конг соопшти дека денеска уапсила тројца мажи заради тестирање експлозиви од домашно производство, за кои постои сомнение дека се наменети за користење на протестите во градот .

Апсењата следеле по откривањето на неколку експлозивни направи, јавуваат американските медиуми.

На почетокот на неделата полицијата соопшти дека биле деактивирани две бомби од домашна изработка што можеле да бидат активирани со мобилни телефони.

Медиумите потсетуваат дека полицијата во текот на летото заплени околу два килограма експлозивна материја што се користи во нападите на милитантите ширум светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот