Три лица пренесени во болница по пожарот во Атина

Пожарите во Европа/Фото: Архива на Слободен Печат

Со сериозни проблеми со дишењето поради густиот чад, три лица се пренесени во болница по пожарот што изби во Атина, а 20 биле евакуирани со помош на противпожарната служба, јави дописничката на МИА од Атина.

Според медиумите во Грција, пожарот избувнал на првиот кат од хотелот, а густиот чад брзо се проширил и стигнал до последните катови, а се создала и паника меѓу гостите и вработените.

Од противпожарната служба на Грција соопштија дека пожарот е ставен под контрола.

Пожар избувна во хотел во Атина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот