Три лица повредени во сообраќајка на патот Куманово-Свети Николе

Полиција сообраќај
Сообраќајна полиција /Фото: МИА

Три лица се повредени, од кои едното потешко, во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, соопшти денеска СВР Куманово.

Несреќата во полицијата била пријавена во 16.20 часот.

– Патничко моторно возило „опел астра” со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.П. (40) од Куманово, излетало од коловозот. Во незгодата, сопатничката З.П. (68) од Куманово се здобила со тешки телесни повреди, а возачот и друга сопатничка С.П. (60) од Куманово се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово, соопшти СВР.

Увид извршила екипа од кумановската полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот