Три лица повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Скопје

Во сообраќајката учествувале две патнички моторни возила.

Три лица се повредени во сообраќајна незгода која се случила утринава околу 4:00 часот на автопатот Тетово-Скопје. Сообраќајката се случила на четири километри од Тетово во правец кон Скопје.

– Во сообраќајната незгода учествувале две патнички моторни возила, БМВ со струмички регистерски ознаки управувано од М.Е (27) од Струмица и фолксваген голф со тетовски таблици што го возел Л.А (38) од Тетово. По судирот возачот на БМВ се здобил со тешки телесни повреди на ребрата, а возачот на голфот и сопатникот А.А (62) имаат телесни повреди, информираше Марјан Јосифоски од СВР Тетово.

Тројцата се однесени во Клиничката болница во Тетово каде се задржани за понатамошна опсервација. Полициски службеници на СВР Тетово извршиле увид за да ги утврдат околности поради кои дошло до судирот на двете возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот