Три лица обвинети за непочитување на полицискиот час во Скопје

Полиција / Фото: МВР

За кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, надлежен јавен обвинител од Основното јавно oбвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнен налог против три лица.

Обвинетите биле затекнати како се движат надвор од своите домови во Скопје за време на важечкиот полициски час, со што ги прекршиле прописите со кои се определни мерки за спречување на ширењето на COVID-19.

Основното јавно обвинителство Скопје на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за обвинетите да определи парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да ја одреди на 20 евра во денарска противвредност. ​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот