Три комисии ќе заседаваат во Собранието

Собрание, собраниска седница / Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

Во Собранието денеска седница ќе одржи комисиите за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, за економски прашања,труд и енергетски прашања и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата се измените и дополнувањата на Законот за електронско управување и електронски услуги, на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, измените на Законот за генетски модифицирани организми, на Законот за квалитетот на амбиентниот воздух, на Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, на Законот за управување со отпад, на Законот за заштита од бучава во животната средина, измени и дополнувања на Законот за заштита на животната средина, измени на Законот за водите, измените на Законот за управување со пакување и отпад од пакување и на Законот за заштита на природата, сите во прво читање.

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, во второ читање е на деневен ред на Комисијата за економски прашања, труд и енергетски прашања.

Седница ќе одржи и Законодавно-правната комисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот