Три инспиративни идеи за здрав појадок

Познато е дека појадокот е најважниот оброк во денот, особено доколку внимавате на здравиот начин на живот. Но, јасно е и дека наутро имаме најмалку време за да поготвуваме здрави специјалитети, па често посегнуваме по нешто „набрзина“ или воопшто го прескокнуваме појадокот. Ова се три многу здрави идеи за појадок кој се подготвува експресно бргу.

Овесна каша 

Често може да се забележи сликичка или печат во облик на срце на пакувањето на чистите овесни производи. Печатот е таму, бидејќи овесот содржи бета-глукан, вид на влакна кои се покажаа како најголеми сојузници во намалувањето на холестеролот, доколку се јадат редовно. Овесот, исто така е богат со омега-3 масни киселини, фолна киселина и калиум.

Билокој тип на овесна каша е одличен избор за здрав појадок, но сепак избегнувајте ги овесните снегулки кои може да содржат многу шеќер. Наместо нив, засладете ја вашата утринска овесна каша со мед, зрнесто овошје и бадемчиња.

Грејпфрут со протеини

Сакате да загубите килограми?

Според истражувањата, ако јадете половина грејпфрут пред секој оброк, тоа ќе ви помогне побргу да ослабнете, благодарение на нутритивите познати како согорувачи на масти кои ова овошје ги содржи во големи дози. Одличен е и за хидрација и подигнување на имунолошкиот систем, а совршен е и како антиоксиданс. За здрав појадок комбинирајте грејпфрут со протеини – јогурт и јајца.

Кајгана со печурки и авокадо

Јајцата на голема врата се вратија во нутритивниот здрав живот во последниве години. Додека порано погрешно се сметаше дека го зголемуваат холестеролот, денес тие истражувања се застарени, а јајцата се сметаат за здрав извор на протеини и витамин Д.

Фото Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот