Три хороскопски знаци со најлоша среќа во месец ноември

Од една страна, лошата среќа можете да ја гледате како испуштена можност, неуспех, проблем. Но, можете да ја гледате и како неопходна пречка која ве спречила да направите лош избор. Овој ноември следниве 3 знаци ќе научат дека одбивањето значи заштита. Погледнете кои се знаците кои ќе имаат најлоша среќа во љубовта овој месец.

1. Овен

Никогаш не сте чекале кога станува збор за љубовта. Овој месец сонцето во Шкорпија ќе ги забави нештата за вас. Постојат 2 начина на кои можете да ѝ пријдете на оваа заземјувачка енергија. Можете да ја прифатите и да го искористите овој период за подобро да се разберете пред да започнете романтична врска. Можете и да ѝ се спротивставите и да се упатите веднаш кон она што го сакате. И двата избора ќе бидат стресни. Оваа анксиозност најверојатно ќе трае до третата недела на ноември. Сепак, можете да ја искористите во ваша корист ако на проблемите гледате како шанса наместо затвор.

2. Близнаци

Добро ќе биде да одвоите малку време за вас овој месец. Но, имате и многу можности да ги потиснете чувствата преку активности. Копањето длабоко во вашите емоции може да направи да се чувствувате како да немате контрола над ситуациите околу вас. Можете да се почувствувате заробено во вашата глава. Обидете се да му одолеете на искушението. Размислете што е она што навистина го сакате.

3. Лав

За одново да се изградите потребно е да направите промени. Ова не значи дека овој период нема да биде тежок. Сепак имајте на ум дека и светот многу пати бил уништуван и се регенерирал. Размислете кои се нештата што ве кочат? Што треба да отстраните од вашиот живот? Ако е потребно да изгубите нешто за да го научите ова, помирете се со тоа. За да стигнете до врвот потребно е да се ослободите од малите пречки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот