Три хороскопски знаци со репутација на љубовџии

парис бордоне хороскоп марс венера
Парис Бордоне, Марс и Венера, Фото: Викимедиа

Да се биде добар љубовник е идеал што многу луѓе се обидуваат да го постигнат, а она што го прави некого добар љубовник е подготвеноста да ѝ се даде на друга личност токму она што ѝ треба.  Меѓутоа, понекогаш, ние самите не знаеме ниту што е она што ни треба, а вистински добар љубовник не само што ќе ги истражи сите опции, туку и ќе го најде.

Вага

Родените во овој хороскопски знак се грижливи љубовници. Тие се добро избалансирани, внимателни луѓе во спалната соба. Ако сакате да ги наведете и да ги инспирирате покажете им колку уживате во она што ви го прават. Ништо не го инспирира љубовникот Вага како охрабрување.

Бик

Кога станува збор за кои хороскопски знаци се најдобри љубовници, мора да се земе предвид сексуалноста на Бикот. Луѓето родени во овој хороскопски знак се луди, диви и слободни во спалната соба. Ако сте предмет на неговата желба, Бикот е оној кој ќе ве погледне во очи и сензуално ќе ве обожува.

Лав

Припадниците на хороскопскиот знак Лав веруваат дека целиот живот е сцена и не можат да ја поднесат идејата да не бидат најдобрите љубовници на светот. Тие се полни со страст и посветени на меѓусебното задоволство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот