Три хороскопски знаци кои треба да ја слушаат својата интуиција

девојка
Фото: Pexels

Колку пати сте имале претчувство што треба да кажете или да направите, а потоа залудно да одлучите да не го слушате тоа „внатрешно чувство“?

„Шестото сетило“ е подарок, потсетуваат астролозите. Тие издвојуваат три знаци од Зодијакот во кои интуицијата ќе расте од ден на ден до крајот на летото и кои, доколку ја послушаат, ќе им донесе подароци во форма на финансиски просперитет, нови љубови и кршење на лошите навики.

Девица

Отсекогаш сте верувале на вашето „шесто сетило“, а меѓу пријателите сте познати по тоа што честопати можете да предвидите што ќе се случи во блиска иднина. Вие уживате да најавувате идните случувања, а овој период е вистинско време да блеснете во полн сјај и да се вратите на сцената како советник чии предвидувања сите ќе ги слушаат безусловно.

Но, не заборавајте да го примените и она што ќе го почувствувате за вас самите. Ако се поставите исклучиво како советник на луѓето околу вас и не го почитувате „внатрешниот глас“ кога станува збор за вашите емотивни и деловни односи, лесно може да се случи на есен да бидете казнети и во љубовта и на деловно поле.

Скорпија

Иако понекогаш сте склони да кажете нешто што не одговара на вистината само за да добиете лична корист од тоа, сега ќе го слушнете како вашето „шесто сетило“ ви „шепоти“ кога треба да зборувате и кога време е да замолчите.

Ако се слушате самите себеси, ќе си ги олесните проблемите и ќе избегнете непотребни конфликти со луѓе од работа кои ги гледате како предизвик. Во исто време, ќе ви се отворат нови деловни можности и шанса да го зголемите вашето богатство.

До крајот на летото, ќе ги анализирате информациите што ќе ги добивате и ќе ги комбинирате со она што ви го кажува „вашето внатрешно чувство“. За многу луѓе околу вас, вашите искрени предлози и препораки ќе значат многу.

Риби

Ќе почувствувате речиси видовита интуиција и ќе ги согледате околностите во кои се наоѓате. Конечно ќе „прогледате“ и ќе согледате се што до неодамна беше сервирано пред вас како на чинија, а вие не сакавте или не можевте да видите.

Отсекогаш сте верувале на своето „внатрешно чувство“, и тоа чувство сега ќе ве однесе на неочекувана територија. Отворете го умот за нови знаења и ќе бидете пријатно изненадени од она што ќе ви се случи до крајот на летото. Ѕвездите ветуваат незаборавни моменти, особено на емотивно поле.

Извор: Телеграф.рс

Видео на денот