ТРИ ГОЛА ЗА 17 МИНУТИ: Сензационален пресврт на Еибар! (ВИДЕО)

twitter.com/SDEibar

Денеска во рамките од шестото коло во најсилното шпанско фудбалско првенство („Ла Лига“) Еибар приреди изненадување совладувајќи ја Севиља со 3:2.

После првото полувреме водеше Севиља со 0:2, Окампос донесе водство во 11 минута, а истиот играч асистираше до Торес во 33 минута. Во вториот дел се случи комплетниот пресврт на Еибар, најпрвин во 66 минута од пенал успеа да намали Орељана, а израмни Леон 11 минути подоцна.

Конечниот епилог за голема радост на трибините на „Ипуруа“ го постави Коте со еден прекрасен погодок од слободен удар.

За Севиља ова е веќе втор пораз по ред и моментно на седмата позиција со 10 бодови, а прв триумф на Еибар со пет бодови на 16. позиција во генералниот пласман.

Се одигра уште еден меч од рундата, Селта Виго пред своите гледачи ремизираше со 1:1 против екипата на Еспањол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот