Три години затвор за Фарук Буки од случајот „Двојник“, условни за Весна Колевска и Бранислава Шпишиќ

Основно јавно обвинитрлство / Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Кривичниот суд Скопје ги прогласи за виновни Фарук Буки, Весна Колевска и Бранислава Шпишиќ обвинетите во случајот „Двојник”. Обвинетиот Буки, од страна на судот е осуден на три години затвор, додека на обвинетите Колевски и Шпишиќ им изрече условни казни од една година затвор во случај да го повторат кривичното дело во следните три години.

Застапникот на обвинението Спасенка Аднонова, по објавување на пресудата предложи да се продолжи мерката притвор за обвинетиот Буки. Воедно, таа побара да продолжат и мерките за претпазливост за обвинетите Колевска и Шпишиќ .

Судењето за овој предмет го води судијката Оља Ристова

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот