Три години од потпишувањето на Договорот за добрососедство меѓу Северна Македонија и Бугарија

Договорот, во согласност со Уставот на Северна Македонија, беше потпишан на македонски јазик, а исто така, во согласност со Уставот на Бугарија, е потпишан и на бугарски јазик.

Денеска се навршуваат три години од потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија. Договорот беше потпишан во Скопје од тогашниот премиер Зоран Заев и претседателот на Владата на Бугарија Бојко Борисов.

-На денешен ден, пред три години, имавме чест заедно со премиерот на Бугарија Бојко Борисов, да оддадеме почит на илинденците од Крушево и АСНОМ, на светото место пред гробот на Гоце Делчев во Скопје и да го потпишеме Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Покажавме политичка волја за прогрес, за решавање на отворените прашања и направивме историски чекор напред. Создадовме модел со кој го поставивме споделеното минато како темел за подобра иднина и подобар живот на нашите граѓани, напиша денеска на својот Фејсбук профил лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Прочитајте и...  Најмлада жртва од коронавирусот во Џорџија: Седумгодишно момче почина, немал други болести

Заев додава дека перспективите на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, а подоцна и Договорот од Преспа со Грција, ни ги донесоа членството во НАТО, отворениот процес за преговори за членство во ЕУ, но и ко-претседавањето на Берлинскиот процес годинава со што за првпат земја која не е членка на ЕУ, зазема лидерска позиција во оваа регионална програма на ЕУ за Западен Балкан.

-Овој успех стана инспирација и модел за соработка за регионот и пошироко, а македонскиот народ и сите граѓани на Северна Македонија ги потврдија своите најблиски сојузници на европскиот и прогресивниот пат кон подобра иднина. Преку овој договор за иднината, се определивме заедно да ја спречуваме злонамерната пропаганда и заедно да бидеме против говорот на омраза и да го поразиме национализмот, истакна Заев.

Прочитајте и...  Доминира ставот училиштата да се отворат, предлог-планот се очекува од понеделник

Тој посочува дека рамката на иднината на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка ги упатува владите на двете земји да бидат безрезервно посветени на остварување на перспективите за развој и напредок на односите на Република Северна Македонија и Република Бугарија и за добробит на своите народи.

Договорот, во согласност со Уставот на Северна Македонија, беше потпишан на македонски јазик, а исто така, во согласност со Уставот на Бугарија, е потпишан и на бугарски јазик. Потпишувањето на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка, кој од страна на Заев и Борисов беше оценет како историски момент, отвори перспективи за двете земји за интензивна и цврста соработка на билатерален и мултилатерален план, унапредување на транспортните врски и комуникации, олеснување на царинските и граничните формалности, издвојување средства за регионални инфраструктурни и прекугранични проекти, олеснување на контактите меѓу граѓаните на двете држави, како и силна поддршка на Бугарија за евроатлантските аспирации на земјава.

Прочитајте и...  Бројот на загинати во експлозијата во Бејрут се искачи на 158, над 6.000 лица се повредени

Согласно Договорот беше формирана Заедничка македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, која досега одржа девет средби на кои се произнесе за заедничко одбележување личности и настани од заедничката историја, а дебатираше и за надминување на различните толкувања. Комисијата досега успеа да постигне напредок во однос на античкиот период и средниот век, но не и согласност околу прашањето за Гоце Делчев.

Работата на Комисијата во моментов е во мирување поради предвремените парламентарни избори што се одржаа во земјава. Шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева во март годинава изрази надеж дека Комисијата ќе продолжи со работа по завршувањето на изборите кај нас.

Прочитај повеќе

Над 150 нови случаи на Ковид-19 во Грција

Слободен печат

Бејрут: Демонстрантите влегоа во зградата на МНР

Слободен печат

Почина професорот Агни Алиу од Универзитетот на Југоисточна Европа

Слободен печат

СДСМ: Новата Влада ќе се посвети на здрава животна средина и изградба на екодржава

Слободен печат

Потврдени 200 нови случаи со Ковид-19 во земјава, починаа 4 лица

Слободен печат

Нови 195 позитивни случаи со Ковид-19 во Бугарија, починаа седум лица

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Филипче: Потешко се дише на респиратор, носи маска

Слободен печат

Ковачевски: Минималното поскапување на струјата ќе ги осигура инвестициите во обновливи извори

Слободен печат

Бројот на загинати во експлозијата во Бејрут се искачи на 158, над 6.000 лица се повредени

Слободен печат

Пендаровски во Охрид го посети армискиот нуркачки тим од Баталјонот на специјалните сили

Слободен печат

ГОЛЕМИ АНТИВЛАДИНИ ПРОТЕСТИ ВО БЕЈРЈУТ: Полицијата фрли солзавец врз демонстрантите (ВИДЕО)

Слободен печат

Се санираат состојбите во рудниците во РЕК Битола

Слободен печат