„Три“ го објави романот „Возбудливи времиња“ од Ниша Долан

Со објавувањето на романот „Возбудливи времиња“ од Ниша Долан, издавачкиот центар „Три“ е на уште еден чекор поблизу до остварување на основната цел на едицијата „Читаме заедно“ – да ги живееме приказните оживувајќи ги ликовите претставени на хартија.

Напишан од ирската авторка Ниша Долан, во превод на Паулина Јамакова-Пејкова, ова е роман за неверојатната слобода, но и големата несигурност што таа ја носи во себе.

– Токму на почетокот на годината, време кога си поставуваме цели, секој треба да ја постави слободата за своја цел. Секој од нас се наоѓа на крстопат помеѓу умот и срцето, а вистинската страна може да се пронајде преку книгите. Во нив спие одговорот – посочуваат од „Три“.

Овој роман во себе содржи и многу од она што го имаат книгите за самопомош – совети за исполнет живот суптилно вткаени во приказната за една девојка, која од Ирска се преселува во Хонгконг во потрага по сопствената среќа. Низ најразлични мисли, постепено ликот ни ги открива својот карактер, борбата со ниската самодоверба и храбрите политички ставови.

– Книгите издадени во 2021 година се наслови кои ќе остават трајна трага во книжевноста. Сите дела поддржани од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија се дел од Зимскиот фестивал на книгата на „Три“, со цел да се актуализираат наслови од европското поднебје – известија од „Три“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот