Три главни причини поради кои луѓето во среќни врски ги изневеруваат партнерите

Ова се три причини поради кои луѓето во среќните врски ги изневеруваат нивните партнери, но, секако, ниту една од нив не е оправдување за тоа.

Прељубата не се случува само во несреќните врски. На некои луѓе воопшто не им е потребен повод за изневерување, додека некои така се обидуваат да ги решат сопствените проблеми. Ова се три причини поради кои луѓето во среќните врски ги изневеруваат нивните партнери, но, секако, ниту една од нив не е оправдување за тоа.

Каење за пропуштените прилики

Личностите кои се чувствуваат како да не ја изживеале во целост нивната младост се склони кон изневерување дури и кога се во среќна врска, зашто жалат за пропуштените прилики и се обидуваат да ги надоместат.

Импулсивен карактер

Луѓето кои донесуваат брзи и непромислени одлуки во разни области од животот, често се импулсивни и кога е во прашање сексот. Таа импулсивност е особено изразена под дејство на алкохол, па кога ќе им се укаже таква прилика, тие се способни да извршат прељуба, воопшто не размислувајќи за можните последици.

Склоност кон лажење

Експертите за врски Олга Леванчук и Гери Амерс дефинирале шест особини кои ги имаат луѓето склони кон изневерување, без оглед на тоа дали се во среќна врска или не. Тоа се алчност, склоност кон флертување, егоизам, лажење, несигурност и недоверба во партнерот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот