Три фудбалски гиганти се обиделе во последен момент да го „украдат“ Фати на Барселона

Фати вчера потпиша нов договор со Барселона/ Барселона, Шпанија/21 октомри 2021 година/ фото: EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Со заминувањето на Лионел Меси од „Камп Ноу“, управата на Барселона се одлучи легендарната „десетка“ да му ја даде на 18-годишниот Ансу Фати кој вчера и официјално стави потпис на новиот договор со каталонскиот тим до 2027 година.

Бидејќи не сакаше да препушти ништо на случајноста, управата на Барселона се одлучи да се заштити со тоа што во договорот вметна откупна клаузула од дури милијарда евра и така да да ја одбие „богатата“ конкуренција која според според радиото Кадена Копе до последен момент се обидувала да го украде младиот фудбалер од каталонскиот тим.

Според радиото, три фудбалски гиганти, Ливерпул, Манчестер јунајтед и ПСЖ му нуделе огромно богатство на Фати за да одбие да потпише нов договор со Барселона и идното лето како слободен играч да се приклучи на еден од овие три клуба.

Според новиот договор кој го потпиша со Барселона , платата на Ансу  Фати секоја сезона ќе се зголемува и во последната година таа ќе изнесува 15 милиони евра, а таа сума е далеку помала од тоа што го нуделе Ливерпул, Манчестер јунајтед и ПСЖ.

На пример, ПСЖ му понудил на Фати годишна плата од 15 милиони евра плус 30 милиони евра бонус за потпис на договороот, но на крајот пресуди големата желба на младиот фудбалер да остане на „Камп Ноу“.

Сега е официјално: Фати потпиша нов договор со Барселона, откупната клаузула изнесува милијарда евра

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот