Три едноставни совети за зачувување на топлината во домот – вака ќе заштедите и пари!

Парно греење/profimedia
Ina FASSBENDER / AFP / Profimedia

Домашното греење е едно од позначајните ставки во домашниот буџет, а кога веќе зимските температури се постојано ниски или под нулата, речиси 40 проценти од буџетот оди на греење во домаќинството.

Да се разбереме дека тоа не е воопшто малку, а со оглед на тоа каква е моменталната состојба во средина на грејна сезона, добро е да се знаат неколку совети што можат да помогнат во домашниот есап.

Не го прегревајте домот

Не е доволно само да вклучите греење и да го оставите на иста температура во текот на цел ден. Ако имате можност за термостатско подесување, одржувајте ја температурата помеѓу 19-22 степени. Немате потреба од зголемување на температурата, а секој степен повеќе може да ви ја зголеми сметката за струја/греење.

Искористете ја топлината од рерната

Ова го правам често и јас дома. Ако нешто печам/правам, кога го исклучувам јадењето, ја подотворам вратата од рерната, за топлиот воздух да ми ја „згрее“ просторијата. Вака делува смешно, но ако сте во куќа и без парно, има ефект. Ем ви мириса на нешто вкусно, ем сте се стоплиле.

Завеси и ролетни не се само декор и заштита

Убавите завеси или венецијанер ролетни се убав дел од ентериерот и можат да ви бидат ефектен изглед за домот. Но тие истовремено задржуваат и топлина. Во текот на денот, впиваат сончева енергија, а навечер ве заштитуваат од ветер или директно прскање дожд на прозорците. Преку ден отворајте ги за да ви влезе светлина дома, навечер пригушувајте ги.

Видео на денот