Три држави каде бројот на заразени хаотично расте, но една се издвојува според стапката на смртност

Речиси две недели три држави се издвојуваат од остатокот од светот според бројот на новозаразени лица од корона вирусот според податоците на дневно ниво. Станува збор за САД, Русија и Бразил, земји во кои бројот на новоинфицирани на дневно ниво надминува и над 10.000 случаи.

Според пишувањето на „Си Ен Ен“ ваквата ситуација до некаде има смисла со оглед на фактот дека тие се меѓу десетте држави во светот со најголема популација, односно имаат повеќе од 125 милиони, а секоја од нив, исто така, има и голема густина на населеност во поодделни градови.

Заедничка им е уште една работа, а тоа е дека секоја од нив делува поприлично неорганизирано и дека ситуацијата им е препуштена на одделни региони на управување.

Сепак, она што ја издвојува Русија е стапката на смртност од корона вирусот. Според податоците на институтот „Џон Хопкинс“, состојбата во САД е прилично критична кога станува збор за стапката на смртност каде изнесува 6 отсто, во Бразил е речиси 7 отсто, а во голем број европски земји вклучувајќи ја тука Италија, Франција, Шпанија, Белгија и Велика Британија имаат стапка од повеќе од 10 отсто. Во Русија, каде пандемијата стигна речиси истовремено со Бразил, оваа стапка е пониска од 1 отсто.

Како е тоа можно?

Доктор Елена Малинкова, шефица на одделението за заразни болести при руското Министерство за здравство има едноставно објаснување. Ниската стапка на смртност има врска со времето кога се детектира болеста, како и со фактот дека Русите одат на лекар уште при појавата на првите симптоми.

Руски новинар објавува дека повеќе од 60 отсто од вкупниот број на заразени се регистрирани во Москва, која има млада и здрава популација, за разлика од руралните делови.

За да се разбере зошто стапката на смртност е мала, потребно е да се погледнат неколку фактори. На пример разликата меѓу Русија и Бразил кога станува збор за тестирање е огромна. Малинкова но и други здравствени експерти треба да бидат горди, пишува „Си Ен Ен“. Всушност Русите до сега тестирале речиси 41 илјада жители на милион. Во Бразил ситуацијата е поразлична, односно оваа бројка изнесува 3.500 лица на милион, а во САД се тестираат 31. илјада на милион.

Тоа можеше да се забележи и од примерите на Швајцарија, Германија и некои други земји каде стапката на смртност е ниска бидејќи масовното тестирање доведе до регистрирање на асимптоматски случаи.

Ниту Русија, ниту Бразил не објавуваат многу информации за луѓето кои починале како последица од корона заразата. Бразил кон крајот на април наведе дека 59 отсто од починатите се мажи. Меѓутоа, според податоците на СБ, 15 проценти од Русите се постари од 65 години, во САД се 16 отсто, а во Бразил само девет отсто, па се очекуваше дека во Бразил ќе има пониска стапка на починати лица, но тоа не е случај.

Во Русија исто така има поголема распространетост на кардио – васкуларни заболувања во споредба со Бразил, а исто така Русија има и повеќе пушачи.

Она што останува непознато е што Русија врои како смртни случаи од корона вирусот и можеби тука лежи и одговорот зошто стапката на смртност е толку ниска.

Она што „Си Ен Ен“ го нагласува е дека стапката на смртност од Ковид – 19 во Русија, но и во цел свет, не дефинира меѓународно договорена дефиниција, туку властите кои ги пријавуваат податоците. Се напоменува и дека овие податоци честопати се производ на „политички калкулации“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот