Три домашни растенија за почист воздух

саксиски растенија

Барете растенија за вашиот дом? Дали сакате да се ослободите од мирисот од цигарите и штетните честички во воздухот? Скопје е еден од најзагадените градови во светот. Со тоа се соочуваме штом ќе залади.

Но, постои начин како да го заштитите вашиот дом од ваквите штетни честички. Најдобар природен начин е да донесете нови билки во вашиот дом. Најголем избор на домашни растенија има сега, во топлите денови.

Сакаме да ги споделиме со вас најдобрите растенија кои ќе ви помогнат со токму овој проблем. Секако, ќе споделиме и трикови како да се грижите за нив. Погледнете ги свеќињата кои ќе ви го украсат вашиот дом и прочистат воздухот.

Ползавец или бршлен

Ова растение е многу лесно за одржување. Познато е по тоа што ги прочистува сите штетни честички во воздухот. Може да го чувате во висечка саксија или било каква саксија. Ќе расте во должина и ќе се витка околу вашите скали или огради.

Ова цвеќе не сака многу вода. Не се вознемирувајте ако случајно заборавите да му ставите вода.

Еднаш неделно сипете вода во саксијата сѐ додека не почне да тече од дупчињата. Доколку е премногу топло, а го чувате растението надвор, проверете дали земјата е премногу сува. Доколку е, во тој случај ќе треба да ставите вода двапати неделно.

Ова растение сака сонце, но не мора да биде изложено на директна светлина. Прекрасно растение кое може да го чувате и внатре и надвор.

бршлен

Мирен лилјан или спатифилум (саксиска кала)

Овој лилјан не бара многу нега и светлина, но е одличен за прочистување на воздухот. Премногу е лесно за одржување, а изгледа прекрасно во секоја соба. Лисјата се постојано зелени, а цветовите секогаш цветаат.

Посипете ги со малку вода еднаш неделно за да бидат среќни и бујни. Кога ќе почнат да се појавуваат бели точки во светот, не се грижете. Тоа е полен. Доколку прашникот на цветот е преполн од полен, исечете го цветот од стебленцето. На негово место ново ќе порасне.

Доколку ви се појави бела површина на земјата во саксијата, тоа значи дека го полевате со многу вода. Изгребете го тој тел од земјата и сипете помалку вода.

кала

Фикус

Фикусот е одличен за прочистување на воздухот. Многу луѓе често одбираат да чуваат Фикус бидејќи е многу лесен за одржување. Не бара премногу светлина, исто како Мирниот лилјан, а и не сака многу вода. Полевајте го со вода кога земјата во саксијата ќе биде сува.

Прекинете со полевањето веднаш штом ќе почне вода да тече од дупките во саксијата. Фикусот има бујни зелени лисја. Ова е богато растение совршено за во секој дом.

Кое е вашето омилено растение? Дали вие чувате билки за да ви го прочистат воздухот? Споделете ги вашите искуства со нас.

фикус

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот