Три документарни филмови од Музеј на РСМ за одбележување на Меѓународниот ден на музеите

Од денес, на Јутјуб каналот на Музеј на Република Северна Македонија, по повод меѓународното обележување на денот на музеите во светот, ќе бидат објавени три етнолошки документарни филмови, соопшти во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, директорот Јован Шурбановски.

-Веројатно во Словенија е најубавото одбележување, односно таму ги отворија музеите. Ние над месец време работевме на ова па отворивме канал на YouTube каде прикажуваме етнолошки документарни филмови. Ги поканивме студентите да ни се приклучат. Ќе прикажеме три документарни филмови од денес, информираше Шурбановски.

Според него интересот за музеологијата и за културното наследство се зголемува постојано и смета дека потребни се повеќе музеи на иднината, односно технологијата.

-Во Македонија не постои технолошки музеј а тие се меѓу најпосетените. Новиот музеј на Матка на пример е еден од најпосетените. Фалат сепак музеи на иднината, изјави Шурбановски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот