Три дена по парламентарните избори во Бугарија, Слави Трифонов даде краток коментар

Лидерот на втората партија по парламентарните избори во Бугарија „Има таков народ” Слави Трифонов, го даде првиот коментар, јави дописникот на МИА од Софија.

Тој напиша на својот Фејсбук профил: „Во врска со разни политички изјави и предлози дадени во последниве денови, сакам да го кажам следново: Постои многу јасна правна постапка спомената во Уставот, и ние логично ја почитуваме и ја следиме”.

Неговиот коментар доаѓа неколку часа по денешниот говор на Бојко Борисов за време на состанокот на бугарската влада за време на кој Борисов го повика Трифонов да преземе политичка одговорност, нудејќи му две решенија.

Прво, ГЕРБ треба да ја поддржи партијата на Слави Трифонов на парламентарно ниво, обезбедувајќи му 10 пратеници да гласаат за новата бугарска влада, која ќе биде составена од „Таков народ има”. Второ ќе се свика Големо национално собрание во Софија по новите парламентарни избори, каде претседателот Румен Радев ќе го достави својот нацрт за новиот бугарски устав.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот