Три децении, проклетството не попушта – кој го проколна Ливерпул?

фото: твитер

Легендарниот голман Брус Гробелар (роден во Јужна Африка, но со потекло од Зимбабве) се согласува дека станува збор за проклетство кое започна во 1992 година.

Сè беше подготвено за славење, но улиците сега се празни, топката мирува, животот запре…Ова требаше да биде најрадосното време во животот на кој било навивач на Ливерпул. Но, не е!

Сведоци сме на еден, ако не и најдобар состав од „Енфилд“ во историјата на клубот. Повеќе од било што друго на светот, навивачите на „црвените“ ја чекаат таа шампионска титула во Премиер лигата. Но, имаат сè поголеми чувства во овие моменти дека тоа нема да се случи.

Се чини дека некакво митско проклетство ја зафати екипата и прави потези што не можат да се разберат. До прекинот на сезоната поради пандемијата на коронавирусот, Редси имаа предност од дури 25 бодови во однос на второпласираниот Манчестер сити на девет кола пред крајот на првенството. Па, што повеќе е потребно?!

фото: фејсбук

Победничката парада на улиците на Ливерпул е „откажана“, а кој можеше да помисли на такво нешто до пред неколку недели. Сега, титулата за момците на Клоп изгледа „премногу далеку“. Едни даваат предлози дека треба да го прогласат Ливерпул за шампион, бидејќи табелата ја покажува бруталната супериорност на играчите. Други сметаат треба да се почека уште малку, можеби натпреварите ќе се играат пред празни трибини.

Уште малку ќе завршат три децении откако Ливерпул беше најдобар во Англија. Точниот датум на годишнината е 28 април. Тогаш, во 1990 година, Квинс Парк Ренџерс беше совладан со 2:1 со головите на Раш и Барнс. Ливерпул ја освои 18 титула, дури и тогаш најголемите оптимисти не можеа да поверуваат. Точно, ситуацијата почна да се менува, но во Ливерпул беа сигурни дека станува збор само за одмор. Три години подоцна, кога ривалот Манчестер Јунајтед ја освои својата осма титула, се огласија навивачите на Ливерпул: „Се гледаме кога ќе стигнете до 18!“ Сега Јунајтед има 20 титули, но тоа е веќе друга приказна.

Легендарниот голман Брус Гробелар (роден во Јужна Африка, но со потекло од Зимбабве) се согласува дека станува збор за проклетство кое започна во 1992 година. Воедно откри дека започнал да го „отстранува проклетството“, но и дека неодамна заврши со истерувањето на ѓаволите од „Енфилд“.

– Во мојот проштален меч во дресот на Ливерпул таа 1992 година, спонзор ми беше фабриката за пиво од Зимбабве, па за тој дуел испратија пиво, како и некој пророк кој мавташе со козја опашка и прскаше вода по стативите и потоа со микрофонот извика: „Доколку меѓу овие стативи не стои „човекот од џунглата“ Брус Гробелар, нема да освоите титула!“ – се зборовите на Гробелар.

Се случи тоа незаборавно лизгање на Џерард во 2014 година (барем се освои втората позиција), знаеше што треба да направи легендарниот Гробелар, иако еднаш беше спречен на влезот од стадионот во својот обид.

фото: твитер

Но, имаше чувство дека попушта „проклетството“…

– Пред крајот на ланската сезона, игравме хуманитарен натпревар и се вратив во соблекувалната. Соиграчите ми рекоа „денеска мораш да ја завршиш мисијата“. Зедов празни шишиња и ги наполнив со урина. Се вратив на терен и ги „испрскав“ сите стативи и пречки – додаде Гробелар.

Многу навивачи се подготвени да направат и повеќе од Гробелар, но повеќето од нив велат: „Чекавме 30 години, ќе чекаме уште еден месец или два доколку е потребно“. Фудбал нема да се игра во Англија барем до 30 април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот