Три четвртини од австралиските граѓани се погодени од пожарите во земјата

Три четвртини од австралиските граѓани, или околу 18 милиони луѓе, директно или индиректно се погодени од неодамнешните пожари во земјата, според студијата објавена денеска, во која се забележува дека има остар пад на довербата на владата.

Студијата, спроведена од страна на Националниот универзитет во Австралија, покажува колку е погодено населението од пожари што траеле пет месеци, при што загинале повеќе од 30 луѓе и уништени илјадници домови.

– Практично сите Австралијци се погодени од пожарите и многумина ќе ги чувствуваат ефектите во наредните години, објасни Николас Бидл, кој ја водеше студијата. Во неа се вели дека 14 отсто од возрасните односно околу три милиони луѓе се директно погодени од кризата –  тие морале да бидат евакуирани и нивните домови се уништени или оштетени.

Прочитајте и...  Курц: Нема слобода на патувања додека не се открие вакцина

Околу 15 милиони Австралијци индиректно се погодени од вдишување токсичен чад, од промени во планови за патување или загриженост за семејствата и за пријателите кои биле директно погодени.

– Само 27 проценти од анкетираните изјавиле дека веруваат или имаат голема доверба во владата, рече Бидл, и тоа е пад од 11 процентни поени за три месеци.

– Ова е најголем пад на довербата во толку кратко време досега, додаде тој.

Прочитај повеќе

Спасени 15 мигранти кои се обиделе да преминат од Франција во Велика Британија

Слободен печат

Епидемиологот Пашагиќ почина од последиците на коронавирусот

Слободен печат

Филипче: Ова се моите колеги кои неуморно работат на пунктовите за тестирање

Слободен печат

Премиерот Џонсон префрлен во болница

Слободен печат

Полицискиот час ги опустоши парковите, се шетаат само кучиња (ФОТО)

Ирскиот премиер ќе работи една смена како лекар додека трае епидемијата

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Заразените од коронавирус во Кипар ќе се следат преку мобилна апликација

Слободен печат

Пазарите за диви животни во Кина повторно се отвораат, расизмот кон азиската популација во САД расте (ВИДЕО)

Слободен печат

Кралицата Елизабета се обрати до нацијата: Ќе успееме во борбата против коронавирусот (ВИДЕО)

Слободен печат

Скопје како во филмот „Јас сум легенда“, само без зомби (ФОТО+ВИДЕО)

Љубиша Николовски

Баша: Нискиот број на тестови во Албанија ја прикрива вистината и чини животи!

Слободен печат

Француски план предвидува 300 милијарди евра на кредити за поддршка при економската криза

Слободен печат