Три бои доминираат: Накитете ја елката според фенг шуи правилата за 2023 година

Фото: Flickr

Полека се приближуваме до дочекот на Нова година, денот кога се слави новиот почеток, се шири позитивна енергија и во воздухот има позитивни вибрации.

Во текот на новогодишните празници традиционално луѓето ги декорираат своите домови, па владее некоја посебна атмосфера. Фенг шуи исто така подразбира одредени правила за уредување и декорација на домот за Нова година, особено кога станува збор за китење на новогодишната елка.

Фото: Flickr

Фенг шуи совети за украсување на домот:

1. Исчистете го домот – пред влегувањето во новата година време е да го исчистите домот од сите непотребни работи. Куќата треба да биде уредна, без премногу предмети за енергијата во домот да може правилно да циркулира. Рециклирајте или подарете сè што повеќе не ви годи, не ви помага и не ви служи.

2. Направете позитивна атмосфера – во домот направете поволна атмосфера, запалете свеќи, украсете ја куќата, пуштете музика. Нека сè асоцира на радост. Новата година е ден кога треба да избегнувате конфликти, важно е да се поврзете со блиските луѓе, да ја покажете својата љубов и заедно да разбудите искри на романтика, среќа и заедништво.

3. Најдобри подароци – според фенг шуи подарoците за Нова година треба да бидат поврзани со здравјето. На пример, на ваша драга личност може да ѝ подарите члeнарина за вежбална или базен, да уплатите ѝ масажа или режим на исхрана кај нутриционист. Исто така, може да подарите и облека, нешто меко, убаво и топло. Избегнувајте пари како подарок, подобро е тоа да биде некој знак на внимание од срце кој има значење.

4. Фенг шуи за новогодишна елканајдобрите бои за украсување на елка за дочекот на Нова година 2023 се црна, темносина и светлосина во склад со енергијата на Црниот воден зајак, во чиј знак според кинескиот хороскоп е наредната година. Најдоброто место за поставување на новогодишната елка според фенг шуи се одредува во зависност од тоа што сакате да привлечете:

– исток, за семејна и здравствена среќа
– југоисток, за привлекување богатство и среќа за финансиски успех
– југ, поради слава и репутација

Фото: Pexels

Најповолна положба за елката е под скалите, во кујната, како и да ја поставите елката свртена кон тоалетот. Важно е да проверите дали сијаличките на елката се исправни. Избегнувајте да поставувате елка која го блокира патот кон излезот од куќата, односно да го попречува слободното движење низ домот. Исто така, не претерувајте со украсите, одржувајте рамнотежа.

Сакате пари и среќа во 2022 година? Не е сѐедно како сте ја украсиле и каде сте ја ставиле новогодишната елка!

ФОТО | Како започнал трендот за китење елка?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот