Три БЕСПЛАТНИ нешта кои славните ги користат за блескав тен

лице

Покрај шминката и козметичката нега, дури и славните користат бесплатни природни трикови за да имаат блескав и изедначен тен.

Шминкерите исто така може да дадат одредени насоки како да успеете да постигнете сјај и хидратација на кожата, особено на лицето.

Масажа

Масажата на лицето не е нешто ново во светот на козметологијата. Она што можеби ќе ве изненади е и дека професионалните шминкери и козметичари применуваат масажа со кружни движења и штипкање. Со ова се поттикнува циркулацијата. Практикувајте ја пред да нанесете шминка.

Коцки мраз

Кога на лицето имате црвенила и траги од умор, пристапете кон терапија со мраз. Земете коцка мраз и со кружни движења масирајте го целото лице. Овој метод можете да го надградите со смрзнување зелен чај или вода со краставица, за дополнителна нега.

Топла купка

Топлата купка е идеална за нега веднаш по отстранувањето на шминката. На овој начин се отвораат порите и природно се чистат од можните остатоци од шминка.

БОНУС ВИДЕО:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот