Трговскиот синџир Гери Вебер воведува четиридневна работна недела

Познатиот германски моден бренд на женска облека Гери Вебер, со традиција од 1973 година, следната година ќе го воведе т.н. четиридневна работна недела во своите продавници во Германија.
Тоа е модел на работно време според кој вработените се на работа четири дена во неделата наместо вообичаените пет.
Според шефицата на компанијата, Анџелика Шиндлер-Обенхаус, во иднина, вработените можат да избираат дали да го распределат своето неделно работно време на четири или пет дена во неделата. Единствен услов е координација со менаџерот, бидејќи продавниците треба да продолжат со работа од понеделник до петок. Понудата се однесува за вработени со полно и со скратено работно време“, велат од компанијата.
Повеќе од десет години модната куќа го има мотото: „Работи кога сакаш“. Со почетокот на пандемијата на корона, додадена е „Работи каде сакаш“. И други компании во Германија и во странство исто така експериментираат со алтернативни модели на работно време, како што е четиридневната недела, пишува списанието Феникс, пренесува Пословни дневник хр.