Трговската војна со Кина ќе доведе до рецесија на економијата во САД

Фото: Профимедиа

Трговската конфронтација помеѓу Вашингтон и Пекинг може да предизвика рецесија на економијата во САД, заклучија аналитичари од најголемата банка во светот, „Голдман Сакс”, јави денеска „Блумберг”.

Како што се вели во анализата на финасиската организација, американските и кинеските власти нема да можат да склучат трговска зделка до изборите во САД идната година, а причина за тоа се заканите на Вашингтон за воведување нови царини како одговор на возвратните мерки на Пекинг.

Поради тоа, експертите од „Голдман Сакс” прогнозираат дека растот на БДП на САД во четвртиот квартал на 2019 година ќе се намали за 0.2 процентни поени или до 1.8 отсто.

„Стравувањата за тоа дека трговската војна ќе послужи како иницијална каписла за рецесија се зголемуваат“, се вели во анализата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот