Трговската војна го зема данокот: Увозот на стоки од САД во Кина намален за 19 отсто

Увозот на стоки од САД во Кина во јуни забележа пад за 19 проценти во однос на истиот месец од претходната година, поради што се засили трговската војна со Вашингтон.

Сепак јулскиот пад е речиси на половина помал од јунскиот кога намалувањето на увозот на американски стоки во Кина беше дури 31,4 oтсто.

Извозот на стоки од Кина во САД во јули забележа пад за 6,5 проценти.

Пекинг е санкциониран со казни и суспендирања за купување на американска соја и други производи со што се зголемуваат царинските тарифи за кинески стоки во САД со која е во спор околу трговијата и технологијата.

Претседателот на САД, Доналд Трамп минатата недела се закани дека ќе воведе нови царини за стоките кои се увезуваат од Кина во вредност од 300 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот