Трговската размена меѓу ЕУ и Велика Британија после Брегзит падна за една четвртина

epa08902634 (FILE) EU flags fly during a demonstration outside the British Houses of Parliament in Westminster, central London, Britain, 03 September 2019 (reissued 24 December 2020). A historic deal on the UK?s future trading and security relationship with the European Union has been agreed upon 24 December 2020, a week before the end of the Brexit transition period. EPA-EFE/NEIL HALL

Трговската размена меѓу Европската унија и Велика Британија падна за речиси една четвртина во првите три месеци по Брегзит, покажуваат податоци на британскиот Завод за национална статистика.

Најголем пад е забележан во трговијата со Ирска и Германија, пренесува бриселскиот портал Еурактив.

Извозот во Ирска се намалил за 47,3 проценти во периодот од декември до јануари, со најголем пад на извозот на хемикалии, животни и секторот за храна. Според договорот за Брегзит, воведени се царински проверки за сите стоки што влегуваат во Ирска од Велика Британија.

Увозот од Германија, најголемиот трговски партнер на Велика Британија меѓу членките на ЕУ, паднал за 30,5 проценти или 1,7 милијарди фунти, во истиот период.

Според договорот меѓу Брисел и Лондон за трговија и соработка, кој стапи во сила на 1 јануари, размената на стоки меѓу двете страни се одвива без царини и квоти по излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

ЕУ, сепак, на 1 јануари воведе гранични проверки на извозот од Велика Британија, додека Лондон одлучи постепено да воведува реципрочни мерки до октомври.

Британскиот завод за статистика во соопштението информира дека податоците се споредуваат со истиот квартал од 2018 година, бидејќи тоа е последниот период со релативно стабилна трговија.

Исто така, се наведува дека е тешко целосно да се издвојат ефектите што ги има пандемијата на коронавирусот и излезот од ЕУ врз британската и меѓународната трговија.

Британските министри намалувањето на трговијата го припишуваат на влијанието на пандемијата и резервите на британски компании во ЕУ пред крајот на преодниот рок.

Во првиот квартал од 2021 година, вкупната трговија со земјите од ЕУ се намалила за 23,1 процент, а со земјите надвор од Унијата за 0,8 проценти во споредба со првиот квартал од 2018 година.

Најголем пад на трговијата е забележан во јануари, кога извозот од Велика Британија во ЕУ се намалил за 40,7 проценти во споредба со декември. Оттогаш, се чини дека трговијата почнала да закрепнува.

Во март, трговијата со ЕУ се зголеми за 1,8 милијарди фунти во споредба со февруари.

Сепак, компаниите од повеќе сектори имаа тешкотии и доцнења поради новите проверки и бирократските процедури.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот