Трговија со над 1,5 тони дрога во ЕУ, шефот фатен во Албанија – Слободен печат
ВестиРегион

Трговија со над 1,5 тони дрога во ЕУ, шефот фатен во Албанија

Полицијата е во потрага по уште едно лице во Албанија, но поради истрагата не се обелоденуваат ниту иницијалите.

Вкупно 42 лица биле уапсени како дел од масовната полициска операција што се протегаше во Албанија и шест држави на Европската Унија.  Во Албанија бил уапсен и 51-годишен маж во Скадар, со иницијали А.Б.  кој се смета за шеф на криминалната група.

Според албанската државна  полиција, меѓународната операција со име „Голдфингер“, во организација на ЕВРОПОЛ, била предводена од истражните органи во Данска, но се протегала и во Шведска, Германија, Белгија, Холандија, Словенија и Албанија, пренесува А2.

Полицијата е во потрага по уште едно лице во Албанија, но поради истрагата не се обелоденуваат ниту иницијалите. Преку истражните дејствија во сите горенаведени држави е документирано дека оваа криминална група тргувала со преку 1 650 килограми кокаин и хероин во земјите на ЕУ.

За време на операцијата биле запленети 40 килограми кокаин, десетици објекти биле проверени, а биле запленети и над 600 илјади евра, огнено оружје, гранати, неколку возила и разни предмети.

Според полицијата, за време на операцијата во Албанија биле запленети 200 илјади евра, 10 милиони албански лек, 7 возила, и еден бизнис со инвестиција од милион евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close