Трговија на дрога во услови на коронавирус

Мерките за контрола на границите поради коронавирусот, ограничувањата за движење и откажувањето на летови ја зголемуваат цената на наркотиците ширум светот и го попречуваат пристапот до нив, се вели во извештајот на Службата на ОН контрола на наркотици и спречување криминал.

Пандемијата има ефект врз производството на наркотици во различни региони и нивната трговија.

Поради зголемувањето на цените и намалената чистота на наркотиците, многу зависници се префрлаат од супстанции, како што е на пример – од хероин во синтетички опијати или бараат третман.

Поголемиот број заплени на хероин во Индискиот Океан може да значи и зголемување на шверцот со хероин во Европа по вода, соопштија ОН. Недостатокот на летови има особено голем ефект врз трговијата со синтетички дроги, вклучително и метамфетамини, кон земји како Јужна Кореја, Јапонија и Австралија.

Во Авганистан, најголемиот светски производител на хероин, би можело да биде нарушен процесот доколку работниците не се во можност или не сакаат да работат.

Само трговијата со канабис е непогодена – која се произведува во област каде што ќе се продава, се вели во извештајот.

Падот на меѓународната трговија исто така може да доведе до недостиг на прекурсори користени за производство на хероин. На долг рок, економскиот пад поради пандемијата може да го промени пазарот на наркотици, соопшти Службата на ОН за контрола на наркотици и превенција на криминал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот