Трговците ќе имаат 90 дена рок да достават доказ дека ги поседуваат потребните оперативни резерви на мазут

Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

 Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) им даде рок од 90 дена на трговците на големо со мазут – РКМ ДООЕЛ Скопје, Супертрејд ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, Пертинакс ДООЕЛ Скопје, Ли Оил ДБ ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци да се усогласат со Правилникот за нивото и начинот на пресметка на оперативните резерви.

Со одлуката донесена на денешната главна седница на РКЕ, во утврдениот рок од 90 дена, трговците на големо со мазут мора да ги обезбедат потребните количини на оперативни резерви на мазут во своите складови, кои за секој трговец се пресметуваат по методологија утврдена во Правилникот.

-Иако согласно Правилникот се дозволува рок од најмногу шест месеци во кој компанијата ќе го усогласи своето работење со законските прописи, РКЕ го скрати овој рок и ги задолжи трговците на големо за 90 дена да достават доказ – записник од Државниот пазарен инспекторат дека ги поседуваат потребните оперативни резерви на мазут. Доколку по утврдениот рок некој од трговците не ги обезбедат резервите – ќе им биде одземена лиценцата за работа,  изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Во првата фаза, додаде, РКЕ ги извести трговците за постоење на причини за почнување постапка за одземање лиценци, по што во рок од седум дена три од четири трговци на големо со мазут доставија одговор на нашето известување и тоа Ли Оил, Супертрејд и РКМ, додека Пертинакс не достави.

-Трговците на големо со мазут во одговорите објаснуваат дека Правилникот за нивото и начинот на пресметка на оперативните резерви што Министерството за економија го донесе во април 2021 година е без период за прилагодување на компаниите со новите промени. Трговците објаснуваат дека состојбата со Короната ја отежнала работатa во тој период и го намалила капацитетот на вработените. Дел од компаниите тврдат дека веќе ги обезбедиле неопходните резерви, а дел побараа и максимален рок од шест месеци за да се усогласат, велат од РКЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот