Трговците и производителите се мачат по забраната за тенките пластични кеси, вели Андреева од ССК

Најлонски кеси / Фото: МИА

Новиот закон со кој се забранува употребата на пластични кеси ги загрозува фирмите коишто се занимаваат со нивно производство, со што се доведуваат во прашање и работните места, вели во интервју за емисијата „Економски Магазин“ на Алсат Александра Андреева од Сојузот на стопански комори.

Како што вели таа, во тек е анкета со која е опфатено мислењето на трговците и други субјекти во врска со новите законски одредби.

„Над 70% од трговците се изјасниле дека не биле доволно запознаени со овој закон и дека истиот им го отежнува процесот на работа. Има маркети и пекари, малопродажба каде што забраната за тенките кеси целосно им го отежна процесот, дополнително, затоа што и алтернативата, хартиените кеси, е тешко достапна и економски неисплатлива“, вели Андреева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот