Тргнавте да пазарите? Внимавајте, затоа што во вашата кошница ќе заврши и тоа што не сте го сакале

фото: Pixabay.com

Станувате од спиење, се подготвувате и заминувате на утринско пазарење. Се што треба да се најде во вашата кошница се леб, млеко, јајца и јогурт. Сепак, иако сте можете тоа да го завршите на „брзата“ каса на која се плаќа за 5-6 артикли, овој пат ќе морате да почекате малку подолго. Причината е чипсот, кремчињата и чоколадите кои се на акција.

Едно истражување кое е спроведено во супермаркетите во Австралија покажува дека т.н. „џанк фуд“ се наоѓа двојно повеќе почесто отколку „обичната“ здрава храна. Бомбончиња, чоколатца и сокови „врескаат“ од полиците, а под нив се наоѓаат налепници во боја со кои се покажува ниската цена. Дури ако и ги заобиколите полиците, голема е веројатноста истите да ги погледнете на самата каса каде повторно се изложени некои од тие артикли. Може и да добиете дури два по цена за еден.

фото: Pixabay.com

Зошто е тоа така?

Економистот Хокинс Штерн кој во педесетите години работел за истражувачкиот институт Станфорд во Јужна Калифорнија минал многу време во анализирање на однесувањето на купувачите. Тогаш тој ја објавил и студијата наречена „Значењето на денешното импулсивно купување“.

Во него, Штерн го објаснил феноменот кој тој самиот го нарекол „сугестија на импулсивното купување“, а тоа стапува на сила кога купувачот ќе погледне некој производ за прв пат и визлуализација на потребата за него.

Тоа значи дека купувачот во својата кошница става одреден производ не затоа што го сака, туку поради начинот на кој му е претставен.

Тоа што важело во педесетите години, важи и денеска, барем така покажувало истаржувањето во Австралија. И не само таму, многумина од вас веројатно можат да потврдат дека во продавница никогаш не одат да купат чоколадо, но тоа ќе го најде патот до вас затоа што е во вашиот видеокруг.

Анализата во Австралија покажала дека чоколадите, грицките, сладоледите и снегулките со големо ниво на шеќер почесто се наоѓаат на акција, па дури и попустот е двојно поголем во однос на здравата храна. Всушност, фактот е тоа дека некој продукт кој е покавлитетен има помали шанси некогаш да се најде на акција.

фото: Pixabay.com

Како маркетите одлучуваат што да стават на акција?

Изборот е прилично комплексен. Производителите на храна плаќаат големи премии за нивните производи да бидат претставени во каталозите на супермаркетите, на продажните места или во нивна близина. Аранжманите помеѓу производителите на храна и супермаркетите често се регулира со договори преку кои се одредува начинот на кој поизводите мораат да се промовираат.

Производителите се запознаени со тоа колку често нездравата храна се купува импулсивно, како и дека намалувањето на цените е добар начин за да стигнат до рацете и стомакот на многумина.

Австралија инаку смета дека овој проблем е прилично сериозен, особено доколку се земе во предвид тоа колку оваа земја има пролем со дебелината на населението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот