„Трезна сум веќе пет недели“: Кејти Пери заедно со Орландо Блум паузираат со алкохолот

Познатата пејачка неодамна посетила коктел забава во Њујорк и таму открила дека е трезна веќе пет недели. Кејти Пери додала дека склучила пакт без алкохол со вереникот Орландо Блум и си ветиле дека нема да пијат алкохол три месеци.
„Денес сум трезна пет недели“, изјави таа за списанието „People“ на коктел настан во хотелот „Мистер Парадајс“ во Њујорк во понеделникот.
View this post on Instagram
„Склучив пакт со мојот партнер Орландо Блум и сакам целосно да се откажам од алкохолот“, рече таа додека на шега се преправаше дека ги брише солзите.
View this post on Instagram
Откако колегата од „Американски идол“ – Лук Брајан праша дали ќе попушти и ќе се напие, Кети брзо одговори – не.
„Не! Не можам да се предадам. Ветив. Три месеци“, одговори таа, мислејќи на нејзиниот „пакт“ со Блум.
ВИДЕО | Актерот Блум на средба со Зеленски во Киев, посети и детски центар