Трето место за македонските кајакари на Европскиот куп и националниот шампионат на Италија

Голем успех на македонската кајак репрезентација во Италија/Фото: facebook

Македонија моментно е во Италија каде што учествува со сениорска и јуниорска репрезентација во кајак спуст на диви води.

Во Мецана на реката Ноче, во петокот беа првите настапи при што во сениорска конкуренција се натпреваруваше Александар Златаров кој се пласираше на 16 место и Љубомир Спасиќ на 22 позиција.

Во јуниорска категорија настапуваа Кристијан Лазаров со пласман на 21 место и Благој Гугинов на 25 место.

Во склоп на овој натпревар се одржа и национален шампионат на Италија каде што сите земји учеснички на европскиот куп учествуваа во тимско возење во сениори на кое Македонија во состав на подмладена екипа и со јуниорскиот натпреварувач Кристијан Лазаров и двајцата сениори Љубомир Спасиќ и Александар Златаров се пласираше на третото место.

Првопласирани беа Швајцарците, а на второто место се најде Италија. В недела (3 јули) македонските кајакари исто настапуваат во третото коло од Европскиот куп на истата патека.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот