Трето издание на изложбата „Поместени граници“

Во галеријата на МКЦ вечерва во 20 часот ќе се отвори третото издание на изложбата „Поместени граници“ – оваа година со наслов „Молк за …“.

Проектот „Поместени граници“ се стреми во надминување на традиционалниот модерен приказ во ликовната уметност со тоа што додавајќи му концепт на делото кој говори преку една можеби препознатлива идеја, прави обид, а тоа е всушност и една од основните цели, да ги претстави и доближи кон пошироката публика новите аспекти на уметничкото истражување на различни начини.

Овој проект има концептуален карактер, што значи дека се занимава со промислување, преиспитување, анализирање, критикување, лично видување/чувствување на стварноста, на нашето живеење.

На изложбата во организација на Друштвото на ликовни уметници (ДЛУМ) во соработка со Град Скопје, Министерство за култура и МКЦ, ќе учествуваат авторите: Моника Мотеска, Зорица Зафировска, Нехат Бекири, Андреј Митевски, Софиа Григориаду, ОПА, Антонио Пирковски, Лени вон Гелева, Никола Узуновски и Ремијон Проња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот