Третина од Египет живее во сиромаштија

Секој трет Египјанин живее во сиромаштија, покажуваат најновите статистички податоци.

Во текот на 2018 година 32,5 отсто од жителите на Египет живееле под границата на сиромаштијата. Во 2015 година тој процент изнесувал 27,8, а во 2000 година – 16,7 проценти. Околу 6 отсто од Египјаните живеат во крајна сиромаштија.

Официјалната агенција за статистика во Каиро ги смета за сиромашни луѓето кои живеат со 1,45 долари на ден, а за крајно сиромашни оние со помалку од еден долар на ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот