Третина од човештвото е во изолација поради коронавирусот

epa08308311 People drive through downtown in a light traffic as California Governor Gavin Newsom and Los Angeles Mayor Eric Garcetti announce a 'Stay at Home' order amid the coronavirus pandemic in Los Angeles, California, USA, 19 March 2020. EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Низ целата планета, бројот на починати од вирусот Ковид-19 продолжува да се зголемува.

Откако денеска во Индија стапи во сила наредбата 1,3 милијарди жители да не ги напуштат своите домови во следните три недели, тоа значи дека една третина од човештвото е во изолација поради новиот коронавирус.

По одлуката на индискиот премиер Нарендра Моди жителите на најнаселената земја во светот по Кина да не ги напуштаат домовите три недели, бројот на луѓе во изолација во светот се искачи на 2,6 милијарди.

-Да се спаси Индија, да се спаси секој граѓанин, ти, твоето семејство (…) секоја улица и секое соседство значи да се биде во изолација, нагласи Моди во телевизиско обраќање до нацијата.

Сепак, Кина денеска ги укина драстичните ограничувања наметнати пред неколку месеци во провинцијата Хубеи, жариште на пандемијата на коронавирусот, која од декември досега однесе повеќе од 18.000 животи низ целиот свет. Пекинг вчера објави дека ја укинува карантинот за повеќе од 50 милиони луѓе во Хубеи, воведен во јануари, за да можат сега да патуваат ако се здрави.

Некои аеродроми и железнички станици повторно работат. Но, училиштата се се уште затворени во оваа фаза, а жителите на Вухан, ќе треба да чекаат до 8 април за да можат да патуваат надвор од градот.

Во земјата не се откриени случаи на локална зараза во последните 24 часа, но има пријавено 47 случаи од странство во тој период, соопштија кинеските здравствени власти.

Низ целата планета, бројот на починати од вирусот Ковид-19 продолжува да се зголемува.

Вирусот однесе живот на повеќе од 18.200 луѓе и 405.000 се заразени, половина од нив во Европа.
Ситуацијата во Европа е се уште критична, но добри и лоши информации доаѓаат од најпогодената земја – Италија.

Во таа земја, бројот на смртни случаи за еден ден се искачи на 743, откако во претходните два дена беше забележана надолна траекторија, по рекордни 793 смртни случаи во саботата. Сепак, новите инфекции пораснаа за само осум проценти за втор последователен ден, најмалку од кризата во Италија.

Ирска одлучи да ги затвори компании кои не се од суштинско значење за функционирањето на земјата, Велика Британија планира да изгради болница со 4.000 кревети, а Шпанија го повика и НАТО за помош.

Африканските земји, со често лоши здравствени системи, ги зголемуваат мерките за борба против коронавирусот бидејќи се зголемува бројот на заразени и починати.

Речиси 130 милиони Американци, 40 проценти од населението, се во некаква форма на изолација, или наскоро ќе бидат. Оваа мерка ја опфаќа и најголемата држава Калифорнија.

Претседателот Доналд Трамп изрази надеж дека САД ќе бидат „активирани” до средината на април, но тој оптимизам тешко го делат светските лидери кои воведуваат ограничувања на движењето во обид да го спречат ширењето на болеста.

Иако на САД му се заканува експоненцијално ширење на вирусот, и покрај тоа што многу влади слушаат експерти кои велат дека единствениот начин за забавување на пандемијата е „социјална дистанца”, американскиот претседател Доналд Трамп смета дека мерката не вреди за високата цена што би ја платила економијата. Имено, Трамп разгледува повторно покренување на економијата во април.

– Нашата држава не е изградена за да се затвори. На тој начин можете да ја уништите државата, изјави Трамп за Фокс Њуз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот