Трета среќа за Стефанова, конечно ќе може да сведочи

Ирена Фрчкоска, една од бранителите на обвинетата Катица Јанева, денеска дојде на рочиште, со што се исполни законската можност обвинителката Лиле Стефанова денеска, после две одложувања да даде исказ како сведок во аферата “Рекет”.

Претходните две рочишта беа одложени бидејќи не беа присутни Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, двајцата бранители на Јанева. Нивните помошници пред судскиoт совет на Кривичниот суд тврдеа дека двајцата се болни и за тоа доставија соодветна медицинска документација. Судијката Васка Николовска-Масевска тогаш посочи дека доколку адвокатите денес не се појават на денешното рочиште, Јанева ќе добие бранител по службена должност.

Стефанова ја води истрагата за случајот „Империја“, во кој еден од осомничените е бизнисменот Орце Камчев, кој пак го пријави случајот „Рекет“ како оштетен. Во „Рекет“ првообвинет е Бојан Јовановски, а Катица Јанева е второобвинета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот