Трета несреќа со мигранти во Егејското Mоре, 13 загинати

Грција брод/Фото: МИА

За три дена, во три различни несреќи со чамци со мигранти во Егејското Mоре кои од турското крајбрежје тргнале за Италија, загинаа најмалку 20 лица, а непознат е бројот на исчезнатите.

Последната, трета по ред несреќа се случи вчера во морскиот дел северозападно од островот Парос, а доцна синоќа од грчката крајбрежна служба соопштија дека биле спасени 57 лица и извлечени 13 безживотни тела, пренесува Катимерини.

Додаваат дека во попладневните часови добиле известување за едрилица со мигранти што се наоѓа во тешка позиција, по што започнала гигантска спасувачката акција со еден брод за на отворено море, пет патролни бродови и припадници на нуркачката единица на крајбрежната служба, девет бродови што се во близина, хеликоптер и авион од воената морнарица.

-Според сите индиции, конкретната едрилица пловела од брегот на Турција кон Италија. Треба да се напомене дека ова е трет по ред случај на потрага и спасување во Егејското Море во последните три дена, во кој се инволвирани криумчари од Турција кои нелегално превезуваат луѓе, соопштуваат од грчката крајбрежна служба.

Завчера, при потонатиот чамец северно од островот Антикитира, загинаа 11 лица, а беа спасени 90 (52 мажи, 11 жени и 27 деца), додека пак во првата несреќа во близина на островот Фолегандрос, крајбрежната служба спаси 13 лица, извлече три безживотните тела, а и понатаму е непознат бројот на исчезнати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот