Трет заразен со коронавирус во Хрватска: Маж кој работи во Парма е хоспитализиран во Риека

Фото: ЕПА

Во Хрватска е потврден трет случај на коронавирусот. Станува збор за маж кој работи во Италија, а е сместен во Риека.

– Од Клиниката за инфективни болести „Др.Фран Михаљевиќ“ во Загреб, докажан е третиот случај на заразен со новиот коронавирус. Станува збор за маж кој работи во Парма во Италија. Сместен е во болница во Риека – објави министерството за цивилна заштита, а пренесува „Индекс“.

За потсетување, првиот случај во земјата е откриен вчера. Заразен е 26-годишен маж кој минатата недела три дена престојувал во Милано со девојката. Момчето има благи симптоми и се наоѓа во изолација во Клиниката во Загреб.

Денес е откриено дека заразен е и братот близнак на ова момче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот