Трет рок за запишување на студии на Универзитетот во Тетово

Студенти/ Фото: ЕПА

 На Универзитетот во Тетово од денеска се одвива третиот рок за пријавување на нови студенти за учебната 2020/2021 година. Заинтересираните своите документи ќе можат да ги донесат до Универзитетот до петок 25 септември.

На сите студиски програми на нашите 13 факултети, каде што има слободни места, може да се аплицира за студирање. Заинтересираните кандидати кои сакаат нивните студии да ги продолжат на Универзитетот во Тетово, прво мора да го пополнат образецот преку Интернет на веб – страницата: www.unite.edu.mk/apply (Регистрации 2020/21), со релевантни податоци и според бараните упатства, потенцираат од Универзитетот.

Покрај тоа, кандидатите треба да ги поседуваат оригинални дипломи од средно училиште, извод од книга за родени, потврда за државјанство, како и доказ платени за административни такси.

Од канцеларијата за информирање велат дека со трите рока ќе бидат исполнети сите очекувања на Универзитетот во Тетово за бројот на нови студенти  предвидени за оваа академска година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот