Трет протест под мотото „Правда за жртвите“ од Онкологија и модуларната болница во Тетово

фото: Фокус

Под мотото „Правда за жртвите“ пред Владата протестантите излегоа на третиот протест по скандалот на Онкологија за нелегалната препродажба на лекови за болните од карцином. Граѓаните пред Владата скандираа „убијци“, откако после половина месец од влегувањето на полицијата и обвинителството во Клиниката за онкологија, од каде беа земени компјутери, документи и медицинска евиденција на пациентите, се уште нема информации што е пронајдено и дали и колку осомничени има од клиниката.

Се уште нема официјален организатор туку протестантите се информираат преку Фејсбук група и најавуваат дека секој понеделник ќе протестираат и нема да запрат се додека обвинителството не излезе со детали од истрага

Протестот од Влада продолжи пред Зградата на ОЈО каде протестантите бараат судска разрешница за сите инволвирани во скандалот со Клиниката на онкологија, но и за обелоденување на информациите околу истрагата за трагедијата во модуларната болница во Тетово.

Жена која е мајка на онколошки пациент вечерва се расплака на протестот пред Владата, пренесува Фактор.

„Сè ни земаа, што ни оставија веќе, уште душите да ни ги земат. Па и јас детето ако си го изгубам, што ќе правам. Што чекате, каде сте“, вели жената.

По говорот, таа ја искина фотографијата на претседателот Стево Пендаровски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот