Трет ден се трага по возачот кој со возило падна во Вардар од мостот кај Желино, вклучени и кучиња трагачи

Потрага по исчезнат/Фото: ЦУК

Потрагата треба да се насочи не само во тетовското подрачје туку и во правец кон Скопје и Велес по течението на Вардар.

На третиот ден од потрагата по возачот и евентуални сопатници од автомобилот „голф” што излета во реката Вардар кај тетовско Желино денеска се вклучени и кучиња трагачи. Освен тоа ќе се прави обид со допирање на протокот на вода во реката Вардар да се намали водостојот и олесни потрагата.

Претставниците на надлежните институции проценуваат дека треба да се бара во реката Вардар, но и надвор од тетовското подрајче, во правец кон Скопје и Велес согласно текот на речната вода.

-Ние побаравме да се намали водата од Водостопанство. Но, тоа не е наша надлежност. Тие во меѓувреме рекоа дека ќе го намалат водостојот. Имаме четири екипи во терен. Првата екипа ни е на левата, втората на десната страна на Вардар, третата кај мостот Сиричино и четврата ќе ја ангажираме денеска после 13 часот во Зелениково бидејќи претпоставувме дека таму може да го влече водата до таму поради брзината. Имаме 16 нуркачи и 16 вработени од Дирекција за заштита и спасување на терен, изјави Ариф Арифи раководител на тетовската секција на Дирекција за заштита и спасување.

Кучиња трагачи вклучени во потрагата/Фото: ЦУК

Ангажирани се луѓе кои вработени во специјалната антитерористичка единица „Тигри”, другите секции на ДЗС, пожарникари, Општуна Желино. Екипа од ДЗС Тетово побарала во текот на денот да ангажира и екипа од ДЗС Велес кои во текот на денот треба да извраш пребарување во малото езеро во Зелениково.

-Тука сме од седум изутрината, го провериме целиот терен каде што ја најдовме колата па одиме надоле. Вардар носи многу вода и е тешко за побарување. Почнуваме пак да се враќаме назад, затоа што има многу вода и треба да се провери цел терен пополека. Водата е многу јака и можеби телото е заглавено некаде во длабочината и треба многу време додека го најдеме, изјави Авни Амети, командант на тетовската пожарна.

Во вторникот тетовската полиција доби пријава дека излетал „голф” во реката Вардар од кај мостот кај Желино.  Засега се трага по 22 годишниот кумановец Е.Р, чие семејство го поседува автомобилот.  Се уште се утврдува и дали имало и други сопатници во возилото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот