Трет ден по ред Шведска има повеќе од илјада новозаразени

Луѓе на прошетка во Стокхолм / 08 мај 2020, Стохколм, Шведска / Фото: EPA-EFE/Henrik Montgomery SWEDEN OUT

Во Шведска денеска трет ден по ред е регистрирано големо зголемување на бројот на новозаразени со коронавирусот, кое изнесува 1.056, соопшти Шведската агенција за јавно здравје.

Шефот на Агенцијата, Андрес Тегнел на вчерашната прес-конференција изјави дека дошло до зголемување на случаи најмногу во западниот дел на Шведска и меѓу помладата популација, објави британскиот весник „Гардијан”.

Луѓе уживаат во сончевото време во Стокхолм / 22 април 2020, Стохколм, Шведска / Фото: EPA-EFE/Henrik Montgomery SWEDEN OUT

Со денешниот број од 1.056 новозаразени, вкупниот број на случаи на коронавирус во земјата изнесува 43.939.

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 се зголеми на вкупно 4.639, затоа што денеска се пријавени 77 смртни случаи, од кои не починале сите во изминатите 24 часа, туку и порано, со оглед на доцнење на податоците од локалните подрачја.

Луѓе уживаат во сончевото време во Стокхолм / 22 април 2020, Стохколм, Шведска / Фото: EPA-EFE/Henrik Montgomery SWEDEN OUT

Стапката на смртност е многу помала во однос на врвот на епидемијата на крајот на април.

Шведскиот пристап кон коронавирусот е опишан како „лесен допир”, затоа што за време на пандемијата продавниците, спортските сали и рестораните останаа отворени, а од јавноста беше само побарано да ги избегнува сите непотребни патувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот