Трет бран во Германија: Експоненцијален раст на бројот на заразени со ковид-19

Германија ковид-19
Германија / Фото: EPA-EFE/FOCKE STRANGMANN

Епидемиологот Дирк Брокман од германскиот Институт за заразни болести „Роберт Кох” денеска изјави дека ковид-19 експоненцијално се шири во Германија.

– Во моментот сме соочени со третиот бран. Тоа веќе не може да се оспори. И во овој момент ги намаливме ограничувањата, што го забрза експоненцијалниот раст, посочи Брокман.

Бројот на новозаразени вчера на 100.000 жители се зголеми на 83, во споредба со еден ден претходно кога бројката изнесуваше 79, а една недела беше 68. Инситутот за заразни болести предупредува дека бројот на новозаболени до средината на април може да се искачи на 200.

Германија вчера ја стопира употребата на вакцината „АстраЗенека“, како и поголем број европски држави, поради појава на згрутчување на крвта кај лицата што примиле вакцина против ковид-19.

Брокман истакна дека ризикот од вакцината на „АстраЗенека“ е релативно низок.

Германија ја прекинува употребата на вакцината на АстраЗенека

СЗО: Земјите засега да продолжат да ја користат вакцината на АстраЗенека

Германија ја прекинува употребата на вакцината на АстраЗенека

Итни состаноци на СЗО и ЕМА за случајот АстраЗенека

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот