Треска, некогаш убавица, денес претворена во депонија за отпад (ФОТО)

фото: Принтскрин

Некогаш туристичка атракција на главниот град, додека денес е депонија за отпад.

Вештачкото езеро Треска, кое се наоѓа на периферијата на Скопје, останува омилено место за граѓаните кои таму го поминуваат викендот.

фото: Принтскрин

Но, условите во овој рекреативен комплекс се претворени во урнатини. Така запоставен, одржувањето од страна на општинските власти е недоволно за да се врати некогашниот сјај.

фото: Принтскрин

Во прекрасниот поглед може да се ужива само од далеку, бидејќи одблиску, тоа што се забележува, се безброј неправилности. Покрај пикник, на Треска и се плива. Иако не е дозволено да се влезе во вода, возрасните и децата не можат да одолеат на езерото, пренесува „Алсат М“.

фото: Принтскрин

Од канцеларијата на Општина Сарај велат дека ја одржуваат чистотата на рекреативниот комплекс. Додека, за водата во езерото, признаваат дека е контаминирано до четврт степен на загаденост.

Но, на терен фактите го велат спротивното. Туристичкиот комплекс на вештачкото езеро Треска, формирано пред половина век, на површина од 43 хектари, има капацитет за 10.000 граѓани.

фото: Принтскрин

Под администрација на Општина Сарај, надлежност која беше преземена пред неколку години од Градот Скопје, од општината се изјаснуваат, дека како финансиски и со човечки капацитети се беспомошни за одржување на Езерото Треска. Тие бараат поддршка од централната власт за да не го оставаат во заборав овој рекреативен центар, кој може да се претвори во рудник со добра придобивка и нови вработувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот