Тренирање за време на бременоста: ДАЛИ И КОЛКУ Е БЕЗБЕДНО?

Кога станува збор за вежбање за време на бременоста, понекогаш на трудниците навистина им е тешко да одлучлат кого да послушаат затоа што сите имаат по некој совет.

Еве што советува фитнес експертот Роузи Стокли во врска со вежбањето за време на бременоста.

Првите 12 недели – бидете внимателни!
Во првото тримесечје е најголем ризикот од спонтан абортус, затоа е важно да бидете внимателни со интензивните тренинзи. Ако не сте вежбале досега, подобро е во овој период само редовно да шетате за да се подготвите за вежбање во второто тромесечие.
Ако сте веќе активни, малку намалете го интензитетот на вежбањето и слушајте го своето тело.

Не започнувајте ништо ново
Во текот на бременоста телото се прилагодува, па затоа правете вежби кои веќе ви се познати и прилагодете го интензитетот.

Одете на тренинзи за трудници
На овие тренинзи вежбите се прилагодени на промените во телото и ги подготвуваат мускулите за породување.

Не го задржувајте здивот
Многу е важно бебето цело време да добива кислород, кој доаѓа директно од вашето дишење. Затоа не треба да подигнувате тешки тегови или да правите статички вежби каде што е тешко длабоко да дишите.

Лежење на грб
По првото тромесечие бебето е сè поголемо, а и матката расте и може да се случи да ја притисне вената која е одговорна за доток на крвта до срцето ако лежите на грб.

Интраабдоминален притисок
Стомачни и други вежби кои го изложуваат телото на голем притисок не се препорачливи за време на бременоста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот