Тренерот на Сан Антонио распали по претседателот на САД: Трамп е кукавица без мозок и идиот

Грег Попович, еден од најдобрите тренери во историјата на НБА лигата, даде свое мислење за состојбата во САД во која веќе неколку дена низ повеќето најголеми градови се протестира поради убиството на Џорџ Флојд од страна на полицијата.

Грег Поповиќ/Twitter/San Antonio Spurs

Демонстрантите вчера протестираа и пред Белата куќа, но полицијата ги растера употребувајќи солзавец, по што се огласи и претседателот Доналд Трамп кој демонстрантите ги нарече терористи, криминалци и платеници.

Менхетн, Њујорк, САД / 01 јуни 2020 / ФОТО: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Неколку часа подоцна му одговори легендарниот тренер на Сан Антонио, Грег Попович, кој го нарече Трамп кукавица и идиот.

Минесота, Минеаполис, САД / 01 јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/CRAIG LASSIG

– Полициското насилство и расизам сме го гледале и порано, но ништо не се менува. Поради тоа овие демонстрации се толку експлозивни но без вистински лидери и разбирање за проблемите, никогаш нема да се случат вистински промени.

Прочитајте и...  Белорусите имаат свој Меси, млад 18-годишен фудбалер ја посрами одбраната (ВИДЕО)

Белите Американци избегнуваат да се соочат со овој проблем и тоа бидејќи имаа привилегија да го избегнат решавањето на ова прашање. Но, тоа мора да се промени. Доколку Доналд Трамп има мозок, дури и 99% циничен, би истапил и би рекол нешто што ќе ги обедини луѓето. Но, него не му е гајле за зближувањето помеѓу луѓето, дури и сега. Тој е пореметена личност, само тој си е важен за себе и важнп му е само тоа што нему му одговара.


Никогаш не се грижи за општото добро. На нас ни треба претседател кој ќе истапи и ќе рече „црните животи се важни“. Само тоа треба да го каже. Но,имаме будала за претседател, тој не е човек кој што прави поделби туку и е разурнувач. За него вжани се личните интереси и затоа се крие во бункерот во Белата куќа. Мислам дека е најдобро да го избегнуваме бидејќи не може ништо да направи оти е идиот – рече Попович.

Прочитајте и...  Пол позицијата за шампионот, Хамилтон најдобар на дождливите квалификации
EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Прочитај повеќе

Роналдо и Зидан повторно со ист клуб: Француски великан се подготвува за сензационален трансфер

Слободен печат

Меси не се откажува од титулата, нов исторски подвиг за триумф на Барселона (ВИДЕО)

Слободен печат

Шефилд му направи услуга на Јунајтед, со посед на топката од 24% му даде три „парчиња“ на Челси

Слободен печат

ФФМ: Клубовите од вторите и третата лига нема да плаќаат котизација

Слободен печат

Лацио му ја предаде титулата на Јувентус (ВИДЕО)

Слободен печат

Фудбалот се враќа дома: Англичаните имаат неверојатна генерација која може да доминира наредната деценија

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Поранешната репрезентативка Гивенс замина во пензија, ќе стане тренер

Слободен печат

Ригорозни казни за прекршување на карантинот во Формула 1: Затвор или 15.000 евра

Слободен печат

Шанса за Барселона, за три дена цената на Лаутаро падна за 21 милион евра

Слободен печат

Пол позицијата за шампионот, Хамилтон најдобар на дождливите квалификации

Слободен печат

Норвич испадна од Премиер лигата

Слободен печат

Јовановски останува претседател на ОФМ

Слободен печат